Бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов тврди дека македонската политичка елита генерирала голема омраза кон Бугарите. Во интервју за БНТ тој рече дека репресијата и притисокот врз Бугарите во Македонија се интензивирале, вклучително и од високи владини претставници.

Бугарскиот министер вели дека не гледа причина зошто претседателот на САД, Џо Бајден или некој друг би требало да поддржува таква политика.

Каракачанов смета на ЕУ не и е потребен нов проблем, каков што е Македонија.

Во ЕУ има доволно проблеми. Нов проблем на Балканот, ако не се реши на нормален начин, не му е потребен никому – додаде Каракачанов.

Тој вчера најави и дека во следните месеци кога во Софија повторно ќе се отвори прашањето за влез на Македонија и Албанија во Унијата, ќе предложел двете земји да бидат одвоени, за Албанија да не биде закочена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.