Лицата над 65 години, лицата згрижени во домови за стари лица, лицата со имунолошки дефицит, без разлика на возраста, како и за здравствени работници, се категориите кои во Кипар ќе бидат вакцинирани со трета доза од вакцината, под услов да се поминати шест месеци од завршувањето на вакцинацијата, соопшти министерот за здравство на Кипар Михалис Хаѕипанделас, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката беше донесена на вчерашната седница на кипарската Влада, а во следните денови ќе бидат соопштени детали за процедурата и датумот на почеток на вакцинацијата.

Според последните официјални податоци од Министерството за здравство на Кипар, заклучно со вчера биле аплицирани 1.101.034 дози од вакцината, целосно вакцинирани се 524.397 лица, додека пак барем една доза примиле 576.637 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.