Утринава имаше километарски колони пред саемот во Белград каде што се одвива вакцинацијата против ковид-19. Граѓаните трпеливо чекаат да се вакцинираат со вакцината на кинескиот производител Синофарм.

Граѓаните чекаат во два реда, во едниот се оние што по доброволното пријавување добиле покана за вакцинација, а во другиот се оние што дошле без закажан термин. Медиумите во Србија јавуваат дека граѓаните чекаат и по три и пол часа за да се вакцинираат.

Пунктовите за вакцинација на Белградски саем се отворени до 16 часот, а масовната вакцинација се спроведува и ширум другите градови во Србија.

Според последните податоци што ги објави РТС, повеќе од 200 илјади граѓани во Србија досега примиле вакцина против ковид-19.

Вучиќ: За 72 часа ќе бидеме втори во Европа по бројот на вакцинирани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.