На официјалниот профил на Фејсбук КФОР најави дека припадниците на оваа мировна мисија во следните денови ќе одржат вежби на повеќе локации во Косово.

КФОР продолжува со вежбите за да ја одржи готовноста и за да ја гарантира безбедноста и сигурноста на сите луѓе на Косово, се наведува во објавата на НАТО мисијата на Косово и Метохија.

Дополнително се наведува дека во следните денови ќе има придвижување на некои трупи на КФОР на различни делови од Косово. Ова е само вообичаена вежба за распоредување и процедури, истакнува КФОР и додава дека ситуацијата и понатаму е под контрола без знаци за можни закани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.