КФОР потврди дека е во тек операција на Косовската полиција, која по налог на Обвинителството во Приштина се одвива на цело Косово.

Операцијата на косовската полиција се одвива по налог на Обвинителството на цело Косово, не само на север, и не е вперена против Србите, туку против лица обвинети за корупција и криминал“, соопшти портпаролот на командата на КФОР, Винченцо Грасо.

Ние засега ја следиме ситуацијата, во контакт сме со властите во Приштина, но отворена ни е и комуникацијата со Србија“, вели Грасо.

Според неговите зборови во прашање е полициска акција каква што се слуувало и во минатото, така шт КФОР само ја „следи ситуацијата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.