Аферата „Рекет“ е особено интересна за нашите северни соседи, имајќи предвид дека Боки 13 е познат во Србија, а се шпекулира дека дел од парите кои ги зел завршиле токму за тамошната опозиција и протестите. Денеска во српските медиуми, пак, главна тема е апсњето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Ова се насловите во српските медиуми за Јанева:

Alo.rs – ПАДНА ГЛАВНАТА ОБВИНИТЕЛКА ВО АФЕРАТА! Специјалци ја одведоа со лисици, уште два политичари во затвор, кабинетот на Заев во паника, некој од нив е СЛЕДНИОТ! (ФОТО)

Еspreso.rs – УАПСЕНА КАТИЦА ЈАВЕНА: Oпшт ХАОС во МАКЕДОНИЈА, нека се ПОДГОТВИ ЗАЕВ (ВИДЕО)

Informer.rs – АФЕРА „РЕКЕТ“! Приведена шефицата на Специјалното обвинителство на Македонија Катица Јанева!

Kurir.rs – ВАКА БЕШЕ АПСЕНА КАТИЦА ЈАНЕВА: Полицијата ја блокираше целата улица и влезе во куќата на специјлната македонска обвинителка! Без лисици одведена во Суд (ВИДЕО)

Мondo.rs – Афера Рекет: Поради Боки 13 падна и обвинителката Јанева

Politika.rs – Уапсена специјалната обвинителка Јанева поради случајот „Рекет“

RTS.rs – Скопје: Јанева зад решетки, полицијата го претресе домот и канцеларијата

Ѕrbijadanas.com – Аферата „Рекет“ и натаму ја тресе Северна Македонија! Полицијата ВЛЕЗЕ во домот на Катица Јанева и ја спроведе пред судија!

Telegraf.rs – Уапсена Катица Јанева: Македонската специјална обвинителка во притвор поради аферата „Рекет“ (ВИДЕО)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.