Од страна на бугарските политичари се подготвува предавство на каузата „Македонија“. Но, за тоа тие нема да ја добијат неопходната цена. Соодветната држава (мисли на САД-н.з.) не подготвува соодветна компензација. Од тебе се бара ти да отстапиш. Тоа е!

Ова во интервју за Епицентар.бг го изјави лидерот на Бугарското ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов.

Повод за интервјуто е последната изјава на американскиот специјален претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, дека е „погрешно Бугарија да го користи двостраниот договор за да ги стопира напорите на Македонија кон ЕУ“.

-Прво, целата изјава на Ескобар е скандалозна, но за жал, Американците така се однесуваат. И на тој начин не стекнуваат пријатели. Тие мислат дека така ќе придобијат повеќе пријатели во Скопје, но ќе ги загубат пријателите во Бугарија. Јасно е дека Американците имаат интерес од влегувањето на Албанија и Македонија во ЕУ. Нивната логика е дека ако Македонија влезе во ЕУ ќе се спречи руското влијание на Балканот. Тоа е исклучително наивно. Ќе поставам едноставно прашање-дали нема руско влијание во Србија, откако таа во 2014 година ги започна преговорите со ЕУ? Напротив! Русија купува руски авиони, ракети, учествува во руски воени вежби итн. Во Црна Гора, која е членка на НАТО, на власт дојде проруска партија. Тоа се спорадични шеми, кои се подготвуваат во кабинети во Вашингтон, нив не ги интересира што мислат Бугарите и каков е бугарскиот итерес, вели Каракачанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.