Бугарскиот заменик премиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов изјави дека доколку Северна Македонија сака да стане полноправна членка на НАТО и Европската Унија мора да ги исполни обврските кои ги презеде во договорите со Бугарија и Грција, пренесуваат бугарските медиуми.

Во изјава за бугарското радио „Фокус“, Каракачанов истакна дека Договорот за добрососедство што Македонија го потпиша со Бугарија како и договорот што беше постигнат со Грција, предвидува остранување на сите иредентистички прашања, вклучувајќи ги и, како што рече, лажните информации содржани во училишните учебници во последните седум децении.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.