Грчките воени службеници испратиле закани за Турција со порака нејзините сили да не се обидуваат да се истоварат на било кој остров во Егејското море.

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос реагирал откако турските авиони влегле во грчкиот воздушен простор Егејското море и ја предупредил Анкара дека ќе плати за тоа.

Ако направат и најмал потег, ќе ги згазиме, се заканил Каменос. Додал дека Атина сака мир и хармонија, но дека нема да препушти ни центиметар од својата територија.

Министерот ја посетил воената база на малиот остров Лерос во Егејското море, така што неговиот говор може да се смета за начин да го крене моралот на војниците, а адмиралот Евангелос Апостолакис тоа го нагласил.

Ако Турците се истоварат на остров, ќе ги срамниме со земја. Тоа е црвената линија која ја постави владата, рекол Апостолакис. Додал дека воениот судир со Турција е можен, но дека Грција заедно со САД и ЕУ сака Турција да не дојде до таа точка.

Од друга страна, генералот Хулуси Акар рекол дека Турција нема да се откаже од своите права.

Иако формално се НАТО сојузнички, Грција и Турција имаат непријатна историја. Модерна Турција е основана по крвавата војна со Грција и западните сили во 1923-та година. Непријателството меѓу Анкара и Атина трае со децении, а врвот го достигнало во текот на кризата на Кипар, која речиси прераснала во вистинска војна откако турските сили извршиле инвазија на островот во 1974-та година.

Моментално Грција и Турција имаат неколку спорови во Егејското Mоре во кое се наоѓаат мали острови поради кои е тешко да се одреди границата. Во минатите неколку години имало средби на воени бродови и авиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.