Изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев за Македонците и македонскиот јазик наидоа на жестока реакција и во Грција. По примерот на букарскиот колега Каракачанов, грчкиот министер за одбрана панос Каменос по изјавата на Заев, констатира дека Преспанскиот договор е мртов.

 

Неодамнешните коментари на премиерот Зоран Заев, во кои тој говореше за македонскиот идентитет и јазик, ставија крај на секоја дискусија во врска со опстанокот на т.н. Преспански договор – реагираше денеска грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос.

Речиси идентично како и Каракачанов, и Каменос државата ја нарече Титова творба, а изјавите на Заев пропаганда на Мусолини и Тито.

Иредентистичкото и провокативно однесување на Скопје ѝ покажува на меѓународната заедница дека не само што се неподготвени да бидат дел од меѓународни организации, туку и ги оправдува сите оние кои од самиот почеток тврдеа дека се уште се заробени во пропагандата на Мусолини и Тито – пишува Панос Каменос.

Каменос, кој гласно се спротивставува на Преспанскиот договор коментираше неколку изјави од Заев упатени, како што вели, до скептичната јавност во Македонија.

Според Катимерини Каменос се вознемирил по изјавата на Заев кога рекол дека ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик и оти тоа никој не може да го негира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.