Српските медиуми објавија детали за акцијата за апсење на помошник-министерката за земјоделство на Србија, Дарија Јањиќ Нишавиќ, која заврши во притвор под сомнение за сторено кривично дело примање мито.

Таа работела раководител на Секторот за меѓународна соработка, а како што пишуваат медиумите, и била ветена исплата на поволности во износ од околу 1.000 евра месечно, во следните две години, додека трае спроведувањето на договорот за јавна набавка.

Во акцијата е уапсено и лицето  Д.Ч. за кривично дело давање мито.

Како што соопшти Обвинителството за организиран криминал, постојат основи на сомнение дека осомничената Д.Ј.Н., од осомничениот Д.Ч. примила месечна рата, за однапред ветени придобивки за да помогне во добивање договор во постапката за јавна набавка на Министерството за земјоделство од областа на услуги поддржани од странски фонд за финансирање на земјоделството.

Осомничените биле приведени од полицијата и со кривична пријава ќе бидат приведени во Обвинителството за организиран криминал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.