Српската Влада денеска треба да усвои нови мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, предложени од Кризниот штаб. Една од мерките ќе биде угостителските објекти и оние кои имаа услужни дејности, да можат да работат само до 17 часот во работни денови, а за време на викенд ќе бидат затворени.

Новите рестриктивни мерки треба да стапат на сила од утре.

Предлогот на Кризниот штаб е продавниците за прехранбени производи да работат секој ден до 21 часот, вклучувајќи го и викендот. Аптеките, бензиските станици и доставувачите на храна да работат неограничено секој ден.

Театрите и кино салите ќе бидат отворени секој ден до 17 часот. Пазарите ќе работат регуларно секој работен ден, а во викендите од шест часот наутро до 15 часот.

Рестораните, кафулињата, ноќните клубови, трговските центри, игротеките, обложувалниците, продавниците и сите продажни објекти, козметичките и фризерските салони, фитнес центрите, спа центрите и базените ќе можат да работат само до 17 часот секој работен ден, а за време на викендите ќе бидат затворени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.