Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер му честита на лидерот на Нова демократија за како што наведе, јасна победа на парламентарните избори.

Имам апсолутна доверба во вашите лични способности и способноста на Грците да напишат ново и посветло поглавје во историјата на вашата земја. Можете да сметате на мојата лична поддршка и поддршка од Европската комисија во остварувањето на таа цел, нагласи Јункер во неговата честитка.

Тој истакна дека грчкиот народ претрпел многу во изминатите десет години, оценувајќи дека достоинството, издржливоста и посветеноста кон Европа, што тие го покажале, заслужуваат почит.

Јункер смета дека е голем успех на ЕК помошта за Грција да „има нова страница, да излезе од кризата и да планира своја иднина“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.