Информацијата дека премиерот на Словенија, Јанез Јанша, испратил неофицијален „нон-пејпер“ документ до Брисел, во кој се пишува за прекројување на границите на просторот на бивша Југославија, меѓу кои и Македонија ја разбранува јавноста на Балканов.

„Словенија ја поддржува европската перспектива на Македонија, во рамките на постоечките граници. Никогаш официјално или неофицијално немала поинакви ставови од овој став“, вели Јанша за NEWS1.

Во одговорот Јанша воопшто не се осврнува на тврдењата дека е поднесен т.н. нон пејпрсо кој се бара да заврши процесот на распаѓање на Југославија и изнасува ставови кои се однесуваат само на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.