Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, порача дека неговата земја не му должи апсолутно ништо на Брисел.

Ние се изборивме за нашата слобода и демократија пред 30 години. За владеењето на правото и слободата на изразување, за човековите права и основните слободи, некои од нас се борат и плаќаат цена 35 години. Затоа, преплатените со наши пари бирократи родени во просперитет нема да ни проповедаат за слободата и демократијата – порача Јанша.

Тој остро реагираше дека ЕУ спроведува цензура против словенечките власти, истакнувајќи дека нема да прифати или да се согласи со такво нешто.

Никогаш нема да се согласиме да бидеме цензурирани од самонаречени чувари на слобода. Не му го дозволивме тоа на Милошевиќ и нема да им го дозволиме тоа ни на цензори во Брисел. Сè што било цензурирано во историјата станало јавно порано од подоцна. Дури и видео за медиумската слика во Словенија ќе видат повеќе Европејци отколку инаку поради безобразна цензура – порача Јанша.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.