Премиерот на Словенија, Јанез Јанша ја поддржа идејата за воведување на „ковид пасоши“, оценувајќи дека тоа ќе се случи порано или подоцна.

Јанша рекол дека потврдата за вакцинација, која го олеснува прекуграничното патување, не би била необична, бидејќи некои земји веќе бараат доказ за вакцинација против одредени заразни болести пред да им дозволат на патниците да влезат.

Словенечкиот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Гашпер Довжан ја поддржа идејата за европски сертификати за вакцинација кои би можеле да ги зајакнат четирите европски слободи со принципите на законите на ЕУ, пренесува словенечката агенција СТА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.