Привремениот бугарски премиер Стефан Јанев, во речиси едночасовно интервју за БНТ, пораач дека политиката на Бугарија кон Македонија останува непроменета.

Според Јанев, Бугарија многу добро го соопштила својот став пред бугарското општество во однос на позицијата кон Македонија, но не и пред партнерите од ЕУ.

Јанев, исто така, изјави дека пред да ја преземе функцијата преодната влада во мај оваа година, позицијата не била јасно соопштена.

Нема да отстапиме од нашата позиција – истакна Јанев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.