Бугарија нема да ја поддржи рамката за преговори со Македонија во сегашната форма. Ова го изјави премиерот на Бугарија, Стефан Јанев.

Не мислам дека Бугарија е во ситуација да отстапи или да направи компромис со својата позиција. Не само привремената влада, туку и парламентот со својата декларација од 2019 година даде јасни упатства каква е бугарската национална позиција, рече премиерот за БНТ.

 

Тој посочи дека утре ја очекува посетата на македонскиот премиер Зоран Заев со кого остварил неколку телефонски разговори.

Предложив да седнеме на добрососедски начин, да разговараме и да бараме решение. Ако можеме да подготвиме потенцијално решение, по изборот на парламентот, решението може да се бара во наредните месеци, додаде Јанев.

Бугарија нема да ја одобри рамката за преговори со РС Македонија во сегашната форма. Ние нема да го одобриме тоа, бидејќи во моментот нашите услови се под покровителство и под одлука на оваа рамка дадена од парламентот. Привремената влада не е во позиција да направи ваков чекор напред во овој поглед“, додаде Јанев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.