Стотици тони пластичен и друг отпад се исфрлаат од Јадранското Море при секоја посилна бура, а најпогодени се бреговите на островите, но и подрачјето на Дубровник.

Според „Далмација данас“ најчесто станува збор за ѓубре од Албанија, каде тамошниот отпад неконтролирано завршува во реките кои абнормалните количини пластична и друга амбалажа ги носат до Јадранското Море. Потоа морските струи и брановите го носат ѓубрето на морското дно и на хрвтаските плажи.

Секако, ниту домашното население не е вакцинирано против еколошко самоубиственото однесување – посочува „Далмација данас“.

Фотографијата која ја објави порталот е настаната по вчерашното невреме во Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.