Oколу 70 отсто од храната во Србија се прска со разни хемикалии. Експерти велат дека на пример, јаболката се прскаат повеќе од 16 пати, додека светски стандард е три пати, јави РТС.

Сепак, во Србија земјоделците ќе мора во иднина да минат обука и да добијат сертификат за користење пестициди. Според директорот на Институтот за заштита на растенија, Ненад Тркуља во Србија има 800 регистрирани пестициди.

Голем број на хемикалии и пестициди се наоѓаат на списокот на ЕУ за повторно испитување и се очекува дека голем број ќе бидат исфрлени од употреба. Трендот е воведување биолошки пестициди, или биолошки организми и нивните производи. Според РТС, во Србија се прска секакво овошје – а најчувствителни производи се јагодите и црешите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.