Во луксузната белградска населба Дедиње Слободан Р. (53) од Белград си ја закопал својата мртва мајка во гаража. Според првичните неофицијални инфомации, Стевана Р. (87) починала од природна смрт, а нејзниот син Слободан ја закопал во гаража на Дементиева улица, најверојатно поради високата пензија што ја примала несреќната жена.

Полицијата била известена од поранешната сопруга на Слободан. Рекла дека го забележала поранешниот сопруг како во гаражата сомнително копа голема дупка, пишуваат белградските медиуми. Соседите велат дека Стевана наследила боречка пензија од својот сопруг и целото семејство живеела од неа, вклучувајќи го и Слободан. Семејството живеело во две куќи. Во едната – Слободан со мајка си, а во другата неговата поранешна сопруга со нивниот син.

Слободан наводно во полицијата рекол дака мајка му починала на 11 октомври, а тој телото го закопал десет дена подоцна. Наредена е обдукција за да се утврди од што точно починала жената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.