Дваесет и тригодишна нишлика со многу среќа и храброст успеала да се одбрани од врсникот С.С. од Лесковац, кој физички ја нападнал за да ја силува во влез на зграда во строгиот центар на Ниш.

Насилникот и девојката биле вечерта на забава во исто клуб, но не се познаваат. Ја следел кога излегла од клубот и успеал да ја турне во влез, а потоа почнал да ја гризе и да ја тепа, обидувајќи се да ѝ ги слече шорцевите за на крајот, бидејќи го истуркала од зградата, да избега со нејзиниот мобилен телефон. Но, полицијата уште истата вечер го пронашла и го уапсила.

Не го познавам. Го видов на журка во дречлив розов дуксер, па го запаметив. Ми префрлаше „со кого се бакнуваш, каков ти е тој слепец“. Не изреагирав туку продолжив до пекарницата, а по 10 минути си појдов дома. Кога ја отворив вратата од влезот, ме турна. Јас него не го ни видов, ниту имав време да се одбранам и да ја затворам вратата. Брзо ја затвори вратата, почна да ме гризе за образи и да ми ја стиска вилицата. Бев во шок, се обидев да го отурнам и да се одбранам, вели нападнатата девојка, која од разбирливи причини сака да остане анонимна.

Напаѓачот во влезот почнал да ја влече за шорцевите во обид да ѝ ги скине.

Среќа во несреќа што каишот многу го стегнав, така што не успеа во намерата. Успеав да го отурнам, а тој почна да ме удира со боксови во глава и да ме навредува. Од силината на ударите паднав, повеќе не можев да се бранам, продолжи да ме тепа, малку недостасуваше да се онесвестам. Некако успеав да дојдам до телефонот. Сакав да повикам помош. Кога го виде тоа, тргна да ми го земе телефонот и тогаш престана да ме тепа барем за момент. Јас тоа го искористив да го шутнам за да го отурнам од себе. Кога тоа го направив, тој малку се тргна наназад. Успеав да станам и некако да го истуркам од вратата која автоматски се заклучува и да ја затворам, раскажала за српските медиуми трауматизираната девојка.

Таа вели дека напаѓачот имал намера да ја силува, и дека целта не била грабеж затоа што цело време се обидувал да и ги скине шорцевите.

Тој ми го зеде телефонот за да не повикам помош. Кога едвај го истуркав од влезот и заклучив, тој остана пред врата уште некое време. Да го сакаше само телефонот да го украде, веднаш ќе избегаше, а би ги земал и парите. Дури кога видов дека си заминува, отидов во станот и во полиција. Додека се бранев си ги скршив ноктите, обетките ми ги скина, имам повреди на нозете и модрици по телото, но и подобро е тоа отколку да не се одбранев. Немаше намера да ми го украде телефонот, туку да ме силува, вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.