Угледниот доктор од ВМА кој е осомничен дека во средата брутално ја претепал сопругата во нивниот семеен дом во Земун, одреден му е притвор од 30 дена поради насилство во семејството и тоа поради три причини.

Според обвинението лекарот од почетокот на јануари до почетокот на февруари вршел семејно насилство, шутирајќи ја со нозе и удирајќи ја по главата и целото тело, удирајќи ја со предмети подобни за тешки повреди, давејќи ја со кабел, кубејќи ја, упатувајќи и закани , понижувајќи ја, навредувајќи ја, при што и нанел повеќе  повреди по главата, нозете, вратот, трупот и рацете, при што и биле скршени четири ребра како и левата лактична коска, а повреди кои се квалификуваат како тешки телесни повреди, стои во извештајот на обвинителството.

Веста дека познатиот 48-годишен доктор Н.О., потполковник вработен како хирург во Воено-медицинската академија во Белград, со дршка од пиштол ја претепал сопругата И.О. ја вознемири целата јавност во регионот.

Нивните соседи во Земун сведочат дека се изненадени од пријавеното семејно насилство. Претходно немале слушнато никаква врева од посоченото „место на злосторот“.

Не очекував дека таков човек со авторитет, на функција, би можел да си ја тепа жената. Малку се арогантни, не се дружат со никого во населбата, раскажува еден од комшиите.

Друг, пак, надополнува дека делувале како да имаат хармоничен брак. Живееле на ниво, имале вила и возеле добри автомобили.

Им ги отворив и профилите на социјалните мрежи. Гледам многу заеднички фотографии на кои се гушнати, делуваат како идеална двојка. Очигледно љубовта им цветала за јавност, а домот им бил пекол “, коментира еден „твитерџија“.

Осомничениот доктор утре ќе биде изведен на распит пред Обвинителството во Белград за кривичното дело семејно насилство.

Српските медиуми јавија дека кај оштетената биле констатирани тешки физички повреди-скршеница на четири ребра, надлактица и хематоми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.