Вистинска драма денеска се случувала на Халкидики, во Ситонија , кога во близина на плажата експлодира , а потоа се запали глисер во кој се возело петчлено семејство од Србија.

Според грчките медиуми, глисер во кој се возело петчлено семејство од Србија , се запалил утрово . Наводно, имало експлозија од непознати причини, по што избувнал пожар.

Според очевидци, едно девојче од силината на експлозијата било исфрлено од глисерот , додека мајката со две други малолетни девојчиња скокнала во водата .Т аткото, заедно со инструкторот, останал во глисерот за да го однесат до брегот.

Драмата се одвивала недалеку од плажата која беше полна со туристи. Според локалните медиуми, српското семејство било однесено во најблиската болница, а едно од девојчињата било однесено во болница во Солун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.