Пратениците во српското Собрание ја изгласаа новата влада на чело со премиерката Ана Брнабиќ.

За новиот владин кабинет гласаа 157 пратеници од вкупно 225, против беа 68 и без воздржани.

Новата влада на Србија ќе брои 25 министерства и тројца министри без ресор.

По церемонијата на положување заклетва во српското Собрание, претседателот Александар Вучиќ се огласи на Инстаграм.

Во овие тешки и нестабилни времиња, на Србија и е потребна влада која ќе знае да го зачува мирот, да го продолжи економскиот напредок и да ја брани независноста и слободарскиот дух на нашата земја. Очекувам од вас интересите на Србија и нашиот народ да ви се единствена цел, а трудот, знаењето и честа секогаш да ве водат кон негово остварување. Ви посакувам многу успех на тој пат. Да живее Србија! – напиша Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.