Во новиот бугарски парламент најверојатно ќе има шест партии, а победникот на предвремените парламентарни избори и „освојувачите“ на третото и четвртото место е тешко да се утврдат врз основа на излезните анкети што беа доцна попладнево објавени во Софија.

Според анкета на Галуп, шест партии влегуваат во 46-то Национално собрание на Бугарија и коалицијата ГЕРБ/СДС освоила 22,1 отсто од гласовите.

Втора политичка сила во Бугарија би била партијата на ТВ-презентерот Слави Трифонов – „Има таков народ“ со 21,5 отсто. Третото место е за бугарските социјалисти – 15, отсто. Четврта би била „Демократска Бугарија“ со 13,7 отсто од гласовите, следува од Движењето за права и слободи со 12,0 отсто и „Исправи се„ мафијата надвор! ” со 4,8 отсто.

Останатите партии не преминале праг за пратеници во Парламентот. Според Галуп, одѕивот на парламентарните избори бил 34,5 проценти.

Распределбата на мандатите е следна: ГЕРБ-СДС – 59, „Има таков народ“ – 58, БСП – 41, „Демократска Бугарија“ – 37, ДПС – 32, „Исправи се! Мафијата надвор!“ – 13

Според анегцијата Тренд – ГЕРБ води со 23,6 отсто гласови, додека „Има таков народ “ 23 отсто. БСП има 14,4 отсто, а Демократска Бугарија 13 отсто. Социолозите коментираат дека резултатите од странство може да ги доведат резултатите во една или друга насока.

Петтата позиција по изборите е за ДПС (8,9 отсто). Последната партија што влегува во парламентот, според Тренд, добила 4,9 отѕсто.

Според Маркет Линкс – 23% наспроти 21,7% – такви се првите резултати на ГЕРБ-СДС и „Има таков народ“. Трета сила во 46-от парламент во моментов е БСП со 14,7% од гласовите, но Демократска Бугарија е многу близу со 13,5% од гласовите. ДПС има 10,4% и „Исправи се! Мафијата надвор!” изгледаат самоуверени учесници на следното Национално собрание со 5,1% освоени гласови.

Од друга страна, Алфа Рисрч објави 38,5 отсто одзив на изборите. Според таа агенција, новиот парламент вклучува 6 партии, а резултатите се следни: ГЕРБ-СДС е победник со 23,5%, „Има таков народ“ добива 22,3% поддршка, БСП – 14,1%, „Демократска Бугарија“ – 14,1%, ДПС – 11,7%, „исправи се!Мафијата надвор!” – 5,5%. Распределбата на мандатите е следна: ГЕРБ-СДС – 62, „Има таков народ“ – 59, БСП – 37, „Демократска Бугарија“ 37, ДПС – 31, „Исправи се!Мафијата надвор- 14.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.