Во интервју за Еуропијан Вестерн Балканс, Вајгл силно го критикува неуспехот на Европскиот совет да и даде датум за отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија.

Би рекол дека ова едноставно е измама. Ова не е прифатливо за која било земја дури и за Франција, да блокира ваква работа против желбите на сите, дури и ја засрамува Европската унија, рече Вајгл.

Според него, ова испраќа лоша порака до оние кои работат на слични договори во регионот.

Тие ќе се запрашаат себеси ако ЕУ може, зошто не и ние? На овој начин кредибилитетот на европската политика, воопшто, е поткопан, нагласува поранешниот европратеник Иво Вајгл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.