Словенија се справува со четвртиот бран од епидемијата на коронавурусот, а ќе ѝ помагаат 30 лекари и медицински сестри од соседна Италија.

Договорот медицинскиот тим од санитетот на италијанската војска да биде ангажиран во словенечки ковид-болници постигнат во средата на состаноткот на словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин и неговиот италијански колега Леренцо Гверени, пренесе Словенечкото радио.

Болниците во Словенија во последниот ден речиси ги достигнаа максималните капацитети по големиот скок на бројот на заразените со коронавирусот. Епидемиолозите ситуацијата ја оценуваат како сѐ полоша и сметаат дека се потребни построги мерки.

Двајцата министри, исто така, го потпишаа договорот со кој Словенија од Италија ќе купи транспортен авион од типот „C27J Spartan“. Вредноста на договорот е 72 милиони евра, вклучително и техничка помош од италијанската војска при обуката на екипажот, резервни делови, работа на симулатори, дополнителни модули за гасење пожар итн.

Со купувањето на авионот Словенија ја потврдува својата сувереност, а освен за воени цели ќе може да се користи и за медицинцки операции, пририрдни непогоди, за транспорт на повредени или заразени и за евакуации, а можно е и неговите капацитети да се споделуваат со други земји – изјави министерот Тонин за новинарите.

Со максималем долет од 5.852 капацитети, авионот „C27J Spartan“ може да транспортира 60 лица и товар до 11,3 тони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.