Сретко Калиниќ виан Звер, најбруталниот убиец на „земунскиот клан“ кој издржува 40-годишна затворска казна  за серија убиства и учество во атентатот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, ја откри строго чуваната тајна на оваа криминална организација. .

Тој откри дека Милош Симовиќ бил хомосексуалец и дека поради тоа неговата сопруга, која  ја нарекувале Чичолина, стапила во интимна врска со Калиниќ.  Сретко беше уапсен во Загреб по седум години криење, бидејќи Симовиќ го рани со пиштол на 8 јуни 2010 година.

Кај Калиниќ биле пронајдени два лажни пасоши, но на запрепастување на полицијата се претставил со вистинското име.

– Дојдовме до малку парадоксален заклучок. Заднината на крвавата пресметка е жена, поточно Симовиќ дознал дека Калиниќ бил во тајна врска со сопругата – потврдил поранешниот заменик директор на хрватската полиција, Миљан Бркиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.