Уште не се знае кој е мотивот зад поставувањето серија од експлозивни направи пред трговските центри „Плодинe“ во Риека, поради што полицијата веќе уапси двајца мажи. Според неофицијални информации на Јутарњи лист, најверојатно станува збор за криминален, а не за политички мотив.

Со други зборови, бомбите можеби биле поставени како еден вид притисок врз компанијата „Плодинe“.

Во неделата репортер од Јутарњи лист фотографираше графит на ѕидот пред Центарот Кула кај облакодерот Плодинe, на кој на кирилица е испишан зборот „смрт“. Не е познато дали графитот е поврзан со експлозијата или претходно бил испишан на зградата.

Првата од серијата експлозии е случи во Вежица на 21 мај, а потоа полицијата реши да ги надгледува трговските центри на „Плодина“ во Риека. Синоќа напаѓачите првин активирале направа во Пеќине, а потоа се упатиле на локација оддалечена неколку километри во Кострена каде планирале да постават уште една бомба.

Полицијата буквално ги уапсила двајцата мажи кога ја поставиле втората бомба.

Експлозијата која во саботата се случи во трговскиот Тауер во Риека не била разорна, но била силна. Бомбата била детонирана блиску до неодамна реновирана висококатница на компанијата „Плодина“, но не ја оштетила фасадата на објектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.