Кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ објави дека планира со изградба на централен магацин во близина на Љубљана да формира централен регионален центар за Централна и Југоисточна Европа.

Предвидено е магацинот да биде во близина на аеродромот Брник, со што ќе се зголеми важноста на пристаништето Копер како дестинација за 19 пазари во Европа.

Магацинот ќе се гради во две фази и треба да има 6.000 квадратни метри, а од него ќе се снабдуваат и 13 земји-членки на ЕУ, како и шест земји надвор од Унијата. Вредноста на инвестицијата во моментов се проценува на десет милиони евра.

Во магацинот ќе се отворат околу 40 нови работни места, но и ќе се зајакне позицијата на таа земја на мапата на повеќе од 170 пазари на кои работи „Хуавеј“.

„Хуавеј“ во моментов преку пристаништетот Копер испорачува скоро 200.000 кубни метри товар од Кина до магацините во Унгарија и до други клиенти во Европа, а се проценува дека изградбата на новиот голем магацин во близина на Брник ќе го скрати времето на испорака до европските клиенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.