Група бегалци и мигранти, собрани на турската страна од, веќе затворената, граница со Грција, со разни предмети ја нападнала грчката полиција во обид нелегално да влезат во земјата, објавија медиумите кај јужниот сосед, кои говорат за солзавец фрлен од турската кон грчката страна.

Според информациите во медиуми, инцидентите почнале кусо пред девет часот утрово, а грчката полиција на солзавецот од турска страна, одговорила исто така со солзавец.

Во текот на вчерашниот ден, ситуацијата на грчко – турската граница беше релативно мирна, веројатно поради посетата на премиерот на Грција заедно со првите луѓе на европските институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.