Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека постои јавен договор меѓу партиите кои преговараа во Охрид.

Дојдовме во Охрид да го потпишеме основниот договор со анекс за имплементација. Постигнавме јавен договор за анексот што ќе го води спроведувањето на основниот договор. Другата страна, како и на последната средба во Брисел на 27 февруари, бега од потпишување. Сега со анекс. Останува на ЕУ да најде механизам статусот на овој договор да го направи правно обврзувачки – рече Курти.

Курти рече и дека државите ќе се занимаваат и со прашањето за минатото и исчезнатите лица.

Тој го коментираше и прашањето за членот 7, кој според посредникот Борел веднаш ќе почне да се применува. Овој член се однесува за „самоуправување на српската заедница“.

Во овој аспект има параграф кој зборува за адекватно ниво на самоуправа на несрпската мнозинска заедница и секако дека ќе се водиме по највисоките стандарди Србите во Косово да немаат никакви повреди и дискриминација, не заборавајќи дека предлогот на Ахтисари создаде огромен простор и можност да ги уживаат нивните права и да ги задоволат нивните потреби – рече Курти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.