Миња Д.(15) која беше тешко повредена во страшниот пожар на Дорчол, пред околу еден месец, починала денеска на Универзитетската детска клиника во Тиршова.

Девојчето лавовски се борело, а нејзините другари дури и донирале кожа за неа, но за жал малечката ја изгуби битката за живот. Пожарот се случил на Света Петка, а наводно го предизвикал турната славска свеќа.

Следувала вистинска драма, повеќе од два часа пожарникарите се обидувале да ја совладаат огнената стихија и да го спасат девојчето. Ним им помагале и работнците од блиското градилиште, Павле Гавура, Лазар Ереш, Немања Држаиќ и Давид Ника, кои девојчето го спасиле преку терасата под која избил пожарот.

Миња со сериозни изгореници е превезена во Ургетниот центар, а потоа почнала акција за донирање кожа, како би се спасил нејзиниот живот.

После скоро еден месец борба, Миња почина утринава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.