Илјадници Срби се одзваа на повикот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и денеска се собраа пред Народното собрание во Белград, каде во тек е големиот собир „Србија наде“. Како што пренесуваат српските медиуми, на собирот има луѓе од сите делови на Србија, на Косово, Република Српска, а попладнево автобуси тргнаа и од Македонија.

Меѓу насобраните има голем број на политичари, музичари, спортисти, актери и други јавни личности.

Пред присутните се очекува да се обрати Вучиќ, а претходно свои говори имаат Ивица Дачиќ, Милорад Додик, Лазар Ристовски, Милан Кнежевиќ и Петер Сијарто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.