Албанскиот претседател, Илир Мета, го поздрави предлогот на Бугарија да се раздвоjат Албанија и Македонија при преговорите за пристап во ЕУ, што ќе и овозможи на Албанија да напредува.

Во моментов, патот на Албанија кон ЕУ е поврзан со оној на Македонија. Тоа значеше дека ветото на Бугарија поврзано со човековите права, историските и јазичните прашања резултираше со тоа што Албанија не успеа да напредува кон формалниот почеток на преговорите и покрај тоа што доби зелено светло од сите 27 земји членки.

Минатата недела, бугарскиот евроамбасадор, Румен Александров, порача дека неговата земја нема да го укине ветото за Македонија, но дека Албанија треба да се раздели и да се процени независно. Дополнително, Александров изјави дека Бугарија дала неколку предлози за тоа како Македонија може да ја ублажи ситуацијата, вклучително и спроведување на Договорот за пријателство меѓу двете.

На таквиот предлог на Бугарија, стигна позитивна реакција на Мета.

Го поздравувам ставот на Бугарија која предлага што поскоро почеток на преговорите за членство на Албанија во Европската Унија – истакна Мета.

Тој додаде дека е убеден дека Македонија постигнала „огромен напредок во спроведувањето на реформите и постигнувањето историски договори како оној во Преспа“.

Го поздравувам достоинствениот однос на македонските власти да продолжат непоколебливи во проевропскиот курс на реформи кои им служат на граѓаните и на аспирацијата за членство во ЕУ – додаде Мета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.