Словенечкиот епидемиолог и шефица на советничката група за пандемија Матеја Логар денеска изјави дека е забележано оти во Словенија има се повеќе луѓе кои сакаат намерно да се заразат со коронавирусот со цел полесно да се движат и патуваат, поради фактот што се смета дека оние кои го преживеале вирусот имаат ист имунитет каков што се стекнува со вакцинација.

Забележуваме тренд на зголемување на бројот на оние што сакаат да се заразат што е можно поскоро со цел да потврда што ќе им овозможи полесно патување и преминување на границите, што е опасна практика која никако не можеме да ја препорачаме – рече Логар на прес-конференција, пренесува телевизија Словенија.

Според неа, поради тоа се разгледуваат ограничувања, односно измени во правилата за патување, но исто така и можноста оние што го прележале коронавирусот да бидат избришани од списокот на лицата кои не мора да се тестираат при преминување на граница.

Сè уште не знаеме многу за оваа болест. Непредвидлива е и може да има трајни последици. Не знаеме точно какви долгорочни последици има оваа болест, особено кај помладите пациенти – рече Логар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.