ладата на Црна Гора интензивно преговара за набавка на вакцина против Ковид-19, изјави денеска министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ, без да прецизира кога ќе почне вакцинацијата.

Таа повтори дека тоа најверојатно ќе биде на крајот на јануари или почетокот на следниот месец.

Таа додаде дека за набавката на вакцината се водат билатерални преговори со производителите, но и преговори во рамките на иницијативата Ковакс.

– Овие преговори се интензивни. Имаме договори со сите производители и сите земји што нудат вакцина, изјави Боровиниќ Бојовиќ, на презентацијата на Националната стратегија за имунизација против новиот вирус.

– Се надевам дека вакцинацијата ќе почне на крајот на јануари или почетокот на февруари, но сега не можам да кажам конкретен датум.

Таа ги повика граѓаниоте на државата да бидат трпеливи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.