Од денеска, Албанија ги укина ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Според одлуката на Национален комитет за справување со пандемијата, донесена на 26 април, од денеска за влез во Албанија не е потребна потврда за вакцинација против коронавирусот, негативен тест или потврда за прележана инфекција.

Исто така во земјата повторно се отворени ноќните клубови а укината е и забраната за емитување музика по 23 часот во угостителските објекти.

Обврската за носење маска беше укината, но остана препораката за носење маска во затворени простории.

Инаку, со одлука на комитетот на втори март, по речиси две години, беше укинат полицискиот час, кој траеше од 23 до 6 часот а недела потоа и мерката за ограничено присуство на собири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.