Италија воведе ограничување за сите кои се враќаат од Хрватска, Грција, Малта и Шпанија. Заради ова италијанските туристи масовно ги откажуваат резервациите во Хрватска, бидејќи, според новите правила, треба да докажат дека во последните 72 часа биле тестирани и се негативни на корона вирус.

Одлуката е донесена  во четвртокот вечерта, така што веќе бележиме откажување на резервации, изјави директор на кампот Масимо Пиути, пренесува НоваТВ.

Ваквата ситуација ја потврди и Вивиана Вукелиќ, директорка на Претставништвото на Хрватската туристичка заедница во Италија.

Цело утро примаме јавувања на италијански туристи  кои велат дека им е жал заради ваквата одлука. Меѓутоа, пројавуваат и понатаму интерес за Хрватска и сакаат да дојдат, вели таа.

Летувањето преку ноќ се им комплицираше на италијанските туристи кои одмараат во Хрватска, а во моментов таа бројка изнесува околу 46 илјади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.