Хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман, најави дека Западниот Балкан ќе биде на агендата на министрите на ЕУ во рамките на Советот за надворешни работи, затоа што, како што предупреди, ситуацијата во регионот се влошува.

Состанокот, кој се одржува во Луксембург овој месец, е посветен на сите големи предизвици во областа на надворешната политика на ЕУ, а овој пат Западниот Балкан е тема на дискусии.

Пред почетокот на состанокот, хрватскиот министер за надворешни работи побара од ЕУ да покаже посветеност на темата.

Неодамнешните инциденти во Црна Гора, на границата меѓу Србија и Косово се причина за сериозна загриженост. Ситуацијата во овој регион, во југоисточна Европа, на Западниот Балкан, се влошува и ние треба да дискутираме за ова и да го покажеме нашиот одговор во детали на следниот совет во ноември – порача шефот на хрватската дипломатија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.