За време на денешната прес-конференција на Зоран Милановиќ, во еден момент до говорницата пријде келнер со чаша вода за шефот на хрватската држава.

“Може, благодарам. Немате кокаин?”, праша Милановиќ, алудирајќи на изјавата на Андреј Пленковиќ, кога неодамна го нарече “54-годишен шмркач”.

Забелешката на Милановиќ до келнерот предизвика силна смеа кај присутните новинари.

Тоа може да го направи само некој со „низок профил“, рече Милановиќ, коментирајќи ја изјавата на Пленковиќ.

Пленковиќ подоцна им изјави на новинарите дека кога го нарекол шмркач, помислил „како е лигав“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.