Со вакцината на „Астра Зенека“ утре ќе се вакцинираат премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, министерот за здравство, Вили Берош, и претседателот на хрватскиот парламент Гордан Јандрковиќ.

Информацијата на Твитер ја потврди владиниот портпарол Марко Милиќ посочувајќи дека настанот ќе биде јавен.

Тие ќе ја примат вакцината во просториите на хрватската Влада.

Ваквиот потег на хрватските функционери доаѓа откако изминатиот период имаше недоверба во вакцината на „Астра Зенека“ и во Хрватска и во Европа поради тоа што некои земји пријавуваа несакани ефекти. Дел од земјите одлучија и привремено да ја прекинат имунизацијата со оваа вакцина, но за кратко време повеќето од нив продолжија со оглед дека Европската агенција за лекови (ЕМА) излезе со став дека таа безбедна и нејзините бенефити ги надминуваат можните ризици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.