Хрватскиот научник за климатски промени, Ивица Вилибиќ предупредува на нагла промена на климата во следните години и децении.Според него ситуацијата е алармантна и оти првиот ред до морето мора да се исели. Тоа посебно се однесува за Далмација која според него е најзагрозена.

Според научникот најголемиот проблем е порастот на нивото на морето.Тој предвидува дека ќе расте од 40 до 120 сантиметри за сто години и оти ќе дојде до масовни поплави на куќите и хотелите.

Со оваа појава и сега се соочуваат Шибеник, Трогир, како и Хвар.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.