Хрватската полиција се огласи по завршувањето на истрагата за железничката несреќа во која загинаа три лица, а дванаесет беа повредени.

Полицијата преку соопштение потсетува дека несреќата, односно судирот на патнички воз со товарен воз, кој сообраќал од правец Окучани – Новска, се случил во петокот околу 21 часот и 30 минути, на подрачјето на Новска кај градот Рајиќ, пренесе хрватски „Индекс“.

Кривичната истрага и истрага спроведена досега, предводена од окружниот правобранител со стручна помош на претставници на Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот транспорт, експерти од хрватските железници, како и со соработка од полициски службеници, собрале информации дека засега од непотврдени причини патничкиот воз удрил во задниот дел на товарниот воз, кој бил запрен на тој дел од пругата поради можна неисправност, се вели во полициското соопштение.

Во железничката несреќа загинаа три лица (на возраст од 17, 52 и 60 години), а повредени се 11 патници кои патувале во патничкиот воз, а лекарска помош му била укажана и на машиновозачот на товарниот воз. Две лица се тешко повредени, а девет полесно. На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница Нова Градишка, Општата болница Славонски Брод и Жупаниската општа болница Пакрац, информираат од полицијата.

Меѓу патниците во патничкиот воз имало и осум државјани на Иран, за кои на 9 септември е утврдено дека илегално влегле во Република Хрватска на подрачјето на Славонски Брод. По спроведената управна постапка согласно Кодексот за шенгенските граници и Законот за странци, издадени се налози за враќање со рок за напуштање на Европската економска зона во рок од седум дена. Решенијата им биле издадени пред железничката несреќа, соопшти полицијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.