Претседателката на Кризниот штаб на словенечката Влада за борба против коронавирусот, Бојана Беовиќ, изјави денеска дека доколку продолжи трендот на увоз на вирусот од Хрватска, тоа тело ќе и предложи на Владата поригорозни мерки за патниците од таа земја.

На денешната прес конференција таа потенцираше дека има најголем број од новите случаи пријавиле претходен престој во Хрватска, пренесува СТА.

Ако ова продолжи, ние може да влеземе во есенската сезона со проблеми поврзани со дружење во училиштата и работните места. Може да се појават жаришта на инфекции, вели Бевиќ.

Словенечката докторка Марта Гргиќ Витек од Институтот за јавно здравје рече дека увезените случаи на коронавирус минатата недела предизвикале локални трансмисии, како и дека 27 од последните 33 случаи биле увезени од Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.