Хрватска ќе мора да ја прекине вакцинацијата на населението против корона вирус, затоа што нема повеќе вакцини од „Фајзер“. Директорот на ХЗЈЗ, Крунослав Чапак, соопшти дека производителите планираат да ги зголемат дозите.

Ќе успееме да ги вакцинираме сите што ја примија првата доза со втората доза, но ќе мора да ја запреме имунизацијата, бидејќи немаме доволно вакцини „Фајзер“ – изјави Чапак на прес-конференцијата на Националниот штаб.

Тој додаде дека и производителот „Модерна“ доставил одредена количина вакцини, но дека Хрватска била информирана дека ќе се доцни со нови испораки.

Не сме задоволни од испораката, тоа е далеку од она што го договоривме. А, ситуацијата ни е уште потешка, бидејќи на почетокот ни дадоа поголеми количини, кои сега се намалуваат – изјави Чапак.

Директорката на клиниката за инфективни болести во Загреб, Алемка Маркотиќ, рече дека не станува збор само за политика.

Тоа е нова вакцина и потребни се големи капацитети за да се произведе голема количина. Спроведени се скапи и тешки контроли, сите тие мора да бидат со цел вакцината да се појави на пазарот – вели Маркотиќ.

Таа додаде дека нема производител кој ги има сите совршени серии и тоа може да биде една од причините зошто испораките може да бидат одложени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.