Република Хрватска влезе во европскиот куресен механизам (ЕРМ II), што е клучен чекор во процесот на воведување евро во Хрватска, а Хрватската народна банка воспостави блиска соработка со Европската централна банка, објави ЕЦБ и Европската комисија.

„На барање на Република Хрватска, министрите за финасии на државите од еврозоната, претседателката на Европската централна банка и министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Данска и Хрватска, следствено на постапката во која учестуваше Европската комисија и по консултации со Економскиот и финансиски одбор (ЕФЦ), донесена е заедничка одлука за вклучување на хрватската куна во механизмот на ЕРМ II“, се наведува во соопштението.

Средниот курс на хрватската куна е утврден на 7,53450 куни за едно евро.

Хрватската куна ќе учествува во механизмот на ЕРМ II во стандарен опсег на флуктуација плус/минус 15 отсто околу средниот курс. Задолжителните интервенциски курсеви ќе бидат објавени во понеделник, на 13 јули во време на отворањето на девизните пазар

Договорот за учество на куната во ЕРМ II се темели, меѓу другото и на обврската Хрватска истовремено да се вклучи во банкарската унија.

Инаку, државата членка која сака да го воведе еврото мора најмалку две години да помине во механизмот ЕРМ II пред да ја воведе заедничката европска валута, што значи дека Хрватска може да смета на влегување во еврозоната најрано во 2023 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.