По подолга пауза денеска во Белград се сретнаа претседателите на Комисиите за исчезнати лица на Владата на Србија и Хрватска. Договорени се понатамошните чекори во решавање на проблемот – како пребарување на локации во двете земји, како и длабинско пребарување на архивите.

Претседателот на хрватската комисија, Стјепан Сучиќ, рече дека Хрватска моментално пребарува 37 локации каде што може да се најдат остатоци, што ќе помогне во решавањето на 1.869 во моментов нерешени судбини на хрватски граѓани, сите поврзани со 1991 година.

Јавната база на податоци не претставува проблем на релација Белград-Загреб, Загреб-Сараево, Сараево-Белград, тоа е исклучиво проблем на релација Белград-Приштина, бидејќи во еден момент Меѓународната комисија за исчезнати лица ја прифати базата на податоци на владата на Косово која не е валидна, бидејќи постои заедничка листа на двете комисии, рече тој.

Според Сучиќ, Хрватска инсистира на враќање на запленетите и украдени документи од медицинскиот центар од Вуковар и архивите поврзани со расчистувањето по „опсадата на Вуковар“.

Приоритет е да се отворат досиејата на разузнавачките служби и ЈНА, бидејќи Хрватска очекува информации за преместување на масовни гробници, рече тој и потсети дека Хрватска го изгласала првиот Закон за исчезнати лица со цел да се реши таквиот децениски проблем.

Денес, Одаловиќ, исто така, апелираше до обвинителството да ја интензивираат соработката, бидејќи, како што додаде, најголемиот број исчезнувања сè уште се резултат на кривични дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.