Официјално, Хрватска го одложува пописот заради пандемијата, иако досега како држава има вакцинирано 200.000 граѓани против Ковид-19.

Пописот на населението кој требаше да се одржи во април е одложен. Во зависност од ситуацијата, се надеваме дека ќе почне на еден, изјави за хрватските медиуми Дамир Плесац од Државниот завод за статистика.

Пробниот попис на населението почна да се спроведува во пет жупании, а ќе трае од од први до 15 март во две фази. Во првата фаза луѓето може да се попишуваат по пат на интернет, а во втората фаза попишувачите ќе излезат на терен, изјави Плесац за „ХРТ“.

Според јавно објавените информации, во Хрватска досега се вакцинирани 213 илјади лица против ковид-19, а 59.983 лица се целосно вакцинирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.